Шеикот Амна Ал-Тани кој е роднина на сопственикот на ПСЖ Насер Ал Келаифи сака да го купи италијанскиот прволигаш Салернитана.
Салернитана сезонава после 23 години се врати во италијанското калчо откако минатата сезона во Серија Б заврши како второпласирана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според правилата законот во Италија не дозволува еден човек да има два клуба во Серија А, а во овој момент тоа е случај со Клаудио Лотито кој е газда и на Лацио. Серија А му даде рок на Лотито до крајот на годината да пронајде нов сопственик во спротивно клубот ќе биде исфрлен од Серија А.
Во неделата Ал-Тани и присуствувал на натпреварот на Салернитана.