Килијан Мбапе го прослави својот 23-роденден.
Роденденската забава Мбапе ја направи заедно со своите соиграчи од ПСЖ. Интересен беше подарокот кој го доби Мбапе од соиграчите. Имено, во време кога се најавува трансфер на Мбапе тие му порачаа да остане во ПСЖ до 2050 година.




Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Мбапе доби дрес од ПСЖ со бројката 2050.
Меѓутоа тешко е да се верува дека Мбапе ќе ја промени одлуката и ќе се реши да остане во ПСЖ. Очекувањата се по завршувањето на неговиот договор на крајот од сезоната тој да се пресели во Реал Мадрид.