Една од најголемите ѕвезди на Баерн Минехн, Арјен Робен денес и официјално го продолжи договорот со Баварците.
Иако медиумите подолго време шпекулираа дека ветеранот на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, сепак Баерн Минхен верува дека Холанѓанецот се уште може да биде важен фудбалер, па му понуди нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Задоволство ми е што потпиша нов договор. Мојата цел не е само да останам тука уште една сезона, туку да продолжам да биде важен играч на Баерн“, истакна Робен.
„Оваа сезона донесе едно болно искуство и испаѓањето во полуфиналето од Лигата на шампионите. За мене тоа беше уште потешко, бидејќи се повредив во првиот натпревар со Реал Мадрид, а потоа го пропушти реваншот. Се надевам и верувам дека следната сезона ќе имаме значајна улога во Европа“, додаде Холанѓанецот.
Арјен Робен пристигна во Баерн во 2009 година од Реал Мадрид и оттогаш освои седум титули со германскиот клуб, како и трофејот во ЛШ во 2013 година.