Tимот на Алкалоид убаво ја отвори својата ракометна историја.
Денес тие на стартот од новата сезона го одигра првиот официјален натпревар и во салатас „Борис Трајковски“ го совладаа Металург РА со убедливи 37:18.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младите ракометари на Алкалоид имаа водство од 8:2, а по првото полувреме веќе водеа со десет разлика 19:9 и уште тогаш можеше да се претпостави во каква насока ќе оди натпреварот. Во второто полувреме примија уште девет гола и ја наполнија мрежата на противникот.
Најефикасен беше Стојков со девет гола, потоа Карафинловски постигна седум, шест Тодески. По четири гола на спротивната страна постигнаа Стојчевски и Прцуловски.
СОСТАВОТ НА РК АЛКАЛОИД
Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски
Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески
Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски
Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски