Дома Фудбал Италија Рицоли му објасни на Пекораро: Снимка од ситуацијата со Пјаниќ нема зошто никогаш не ни се направила

Рицоли му објасни на Пекораро: Снимка од ситуацијата со Пјаниќ нема зошто никогаш не ни се направила

Никола Рицоли е задолжен за сиудиите и користењето на ВАР технологијата во Италија. Тој сега имаше јавен настап во кој ги објасни деталите од натпреварот помеѓу Јувентуси и Интер во 2018 година.

Поранешниот обвинител Џузепе Пекораро изјави дека сакал да ги добие снимките од ВАР собата, но истите не постоеле. Таа негова изјава предизвика реакции од јавноста. Станува збор за прекршокот на Пјаниќ за кој фудбалерот на Јувентус не доби жолт картон од судијата Орсато. Тоа автоматси ќе значеше и исклучување за Пјаниќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Важно е да се расчистат работите и да нема конфузија понатаму. Според правилата, се снима само дел од конверзацијата на судиите, а снимките ги прави техничката комисија. Потоа тие снимки се на располагање на судиската асоцијација која може да ги користи во нејзините едукативни процеси“.

„Оналјн достапни се 5-6 разговори, тие снимки се испраќаат до ИФАБ и не се во сопственост на судиската комисија. Правилата наложуваат да се снима комуникацијата при доделување на црвен картон и одлука за пенал, комуникацијата за жолт картон не се снима, без разлика дали е за прв или втор. Ние го побаравме тоа видео, меѓутоа тоа видео никогаш не ни постоело затоа што немало потреба да биде снимено“, објасни Рицоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …