Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Финска во вчерашниот натпревар во Скопје, кој беше прв од двете пријателски средби во овој циклус.
Капитенот Стефан Ристовски по натпреварот уште еднаш го истакна лошиот терен на Арената, а за нерешениот резултат смета дека е реален.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе бидам искрен, се појави некој замор и несигурност, а тоа е последица што некои играчи кои порано имале стандардна минутажа, сега ја немаат. Мислам дека нерешениот резултат е реален. Не сакам да барам алиби, но терен е многу тежок за игра. Калта се лепи многу и не ти дозволува да градиш игра.
За жал, кај нас работите наместо да одат напред се враќаат назад. Константно се враќаме на едно исто. Јас сум среќен што на ваков терен немаме ниту еден повреден“, изјави Ристовски.
Следниот пријателски натпревар Македонија го игра в недела од 14:00 часот, противник ќе ни биде селекцијата на Азербејџан.
Фото: ФФМ