Дома Фудбал Германија Ригорозни мерки во Бундеслигата: Ако навивачите се соберат пред стадион, гостинот службено ќе победи!

Ригорозни мерки во Бундеслигата: Ако навивачите се соберат пред стадион, гостинот службено ќе победи!

Германија следниот викенд ќе ја рестартира Бундеслигата, но со специјален протокол и ригорозни мерки.

Помеѓу неколкуте правила кои се воведени поради пандемијата на коронавирусот, едно се однесува и на навивачите бдејќи сите натпревари ќе се играат пред празни трибини.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Доколку се случи големо групирање пред стадион, гостинскиот тим службено ќе победи и ќе добие три бода.

„Ги замоливме навивачите да не се собираат пред стадионот. Доколку се појават, ние ќе го загубиме натпреварот. Бундеслигата веднаш ќе и додели три бода на гостинската екипа. Убеден сум дека нашите навивачи ќе сфатат за што станува збор и ќе останат во своите домови“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Депај шокираше: Тренерот го замени, а тој веднаш зема телефон во раце!

За време на кариерата, настапуваше и за Атлетико Мадрид, Барселона, Лион, Манчестер Јунајт…