Дома Трансфер зона Ривалдо ја коментираше трампата Пјаниќ-Артур

Ривалдо ја коментираше трампата Пјаниќ-Артур

Легендарниот Бразилец и поранешна ѕвезда на Барселона, Ривалдо ги коментираше трансфер плановите на Каталонците.

Ривалдо ја коментираше можната трампа Пјаниќ – Артур, а проговори и за иднината на неговиот сонародник Филипе Кутињо.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Има шпекулации дека Барселона би можела да е заинтересирана за Пјаниќ. Иако станува збор за добар играч, мислам дека клубот треба да се сконцентрира на сегашноста и тоа што треба да го одработи во Ла Лига оваа сезона“

Јувентус е заинтересиран за потенцијална размена помеѓу Пјаниќ и Артур Мело и секако, мислам дека Бразилецот би бил идеално засилување за Италијанците бидејќи тој е играч од светска класа. Но, мислам дека е најдобро за него да остане во Барселона. Тој е млад, и допрва требад а го покаже својот потенцијал“, изјави Ривалдо.

„Што се однесува до Кутињо, Челзи беше фаворит за неговиот потпис, но мислам дека се откажаа поради повредата. Поради пандемијата многу клубови имаат финансиски проблеми, ги намалуваат платите, па тешко дека Кутињо ќе направи трансфер ова лето“, смета легендарниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…