Франк Рибери оваа сезона би можеле да го гледаме во Серија А.
Преговорите помеѓу Фиорентина и Рибери траат веќе со недели, а легендарниот Французин поради својот меѓународен престиж е играч по вкусот на раководството на „виолетовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рибери бара плата од четири милиони евра, износ кој Фиорентина е спремна да го издвои за неговите услуги.
Меѓутоа проблем претставува износот на комисијата, односно менаџерската провизија и двете страни интезивно преговараат на таа тема.
Со оглед дека има 36 години Фиорентина не би можела да заработи од Рибери од неговиот иден трансфер и настојуваат максимално да го намалат износот на менаџерската провизија.
Рибери наводно нема ништо против доаѓање во Фиоренца и тој лично ќе побара износот да биде помал.
Поранешниот играч на Баерн во своите редови со задоволство би го довеле ПСВ и Локомотив Москва.