Франк Рибери на крајот на минатата сезона го напушти Баерн Минхен, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Легендарниот Французин доби понуда од Фиорентина, а преку социјалните мрежи „откри“ дека е спремен за нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рибери одби многу понуди од Обединетите арапски ермирати, Кина и Русија, бидејќи неговото семејство сака да остане во Европа.
Тој на социјалните мрежи објави фотографија под која напиша: „Готов за нови предизвици“, а веднаш доби коментар од Лука Тони да дојде во Италија.
Рибери одговори позитивно, со неколку емотикони и даде до знаење дека е спремен да ја прифати понуда на Фиорентина.