Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери не може да прежали што не ја добил „Златната топка“ за најдобра играч во светот за 2013 година.
Кристиано Роналдо и Лионел Меси изминатата деценија освоија по пет „Златни топки“. Рибери смета дека Португалецот му ја „украл“ наградата за најдобар играч во светот за 2013 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Интересно во тој избор, кој тогаш се уште заедно го организраа ФИФА и весникот „Франс Фудбал“, како втор заврши Меси, а Рибери беше трет.
„Никогаш нема да го прежалам тоа, едноставно тоа е најголемата неправда. Таа година со Баерн освоив три трофеи, повеќе од тоа не можев да направам“, изјави Рибери, потенцирајќи дека не му е лут на Роналдо.
„Едноставно неговата земја застана позади него, лобираше, Франција не сакаше јас да ја добијам наградата“, заклучи поранешниот француски репрезентативец.