Дома Фудбал Германија Рибери искрено: Тоа е најголемата неправда во мојата кариера!

Рибери искрено: Тоа е најголемата неправда во мојата кариера!

Францускиот крилен играч, Франк Рибери ова лето го напушта, но се уште не е познато каде и дали ќе ја продолжи кариерата.

Рибери после 12 години го напушта Минхен, а за баварскиот клуб постигна 123 гола на повеќе од 400 официјални натпевари. Со овој клуб освои и бројни трофеи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Многу работи се случија, не беше ова лесна одлука, но таков е животот. Имам некои опции, но премногу е рано за да се зборува билош то. Нешто ќе биде сигурно“, изјави Рибери.

Во интервју за „Л’Eкип“ како најголема неправда која му е нанесена смета дека тоа што никогаш не ја освоил „Златната топка“.

„За најголема неправда која ми е нанесена смета дека е тоа што не сум ја освил Златната топка. Не само за мене, туку и за многу луѓе. Бев на врвот, завршив трети. Таа година немав што повеќе да дадам од Роналдо и Меси, но мислам дека ја заслужив Златната топка“, искрено изјави Рибери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…