Дома Фудбал Италија Рибери: Влаховиќ може да биде новиот Левандовски

Рибери: Влаховиќ може да биде новиот Левандовски

Францускиот ветеран и легенда на Баерн, Франк Рибери испрати пофални зборови за српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Рибери и Влаховиќ играа заедно во Фиорентина, а во тој заеднички период Рибери забележал голем квалитет во својот соиграч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Влаховиќ може да биде новиот Левандовски. Така ќе биде се додека работи како порано и е фокусиран на својот напредок. Душан е млад и психолошки одличен. Сепак, во Јувентус постои голем притисок и ќе мора да се навикне на него, тоа е клуб во кој се бара победа на секој натпревар“, изјави Рибери.

Оваа сезона Влаховиќ на 35 натпревари во сите натпреварувања постигна 26 гола и подели пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси го објави најголемиот губиток во историјата на Премиер лигата

Челси го објави рекордниот губиток во Премиер лигата пред оданочување. Дефицитот од 262 ми…