Дома Останати Ракомет Рибера подготвува специјална одбрана за нас, а најмногу стравува од Лазаров

Рибера подготвува специјална одбрана за нас, а најмногу стравува од Лазаров

Денес Македонија игра натпревар во кој нема што да загуби.

На Светското првенство четвртото коло не очекува натпревар против актуелниот европски шампион, Шпанија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како и на сите така и на нашиот селектор, Раул Гонзалес му е јасно дека неговите сонародници се големи фаворити.

Сепак, Шпанците покажуваат респект кон нашата селекција, посебно нивниот селектор Жорди Рибера истакна дека мора добро да се подготват за воиграната тактика на Раул Гонзалез „7 на 6“.

„Ќе мора навистина многу да се движиме и да се прилагодиме на нивната игра. Тие играат „7 на 6“ и се чуствуваат комотно на теренот. Не смееме пременогу да се отвориме, така ќе им дадеме шанса на нивните пивоти, ќе се обидеме да одговоривме со линиска одбрана“.

„Нивниот клучен играч е Лазаров. Тоа е фантастичен играч кој знае да се прилагоди на секоја тактика. Знае да испрати силен шут од позадина и одлично ги разигрува пивотите и крилата“, изјави Рибера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …