Дома Трансфер зона Решен е да замине: Рабио уште еднаш му кажа НЕ на ПСЖ

Решен е да замине: Рабио уште еднаш му кажа НЕ на ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Адриен Рабио уште еднаш ја одби понудата на „светците“ за нов договор, пренесуваат француските медиуми.

Договорот на Рабио со францускиот шампион истекува на крајот на сезоната и најверојатно ќе си замине без обештетување, бидејќи веќе трет пат одбива да го продолжи договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Играчот е во сериозен конфликт со спортски директор Антеро Енрике. Покрај тоа, Рабио има високи финансиски претензии, а „светците“ не се спремни да му понудат толкава плата во моментов.

Според извештаите на француските медиуми, Рабио го одбил предлогот за плата од 7,2 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси.

Тоа значи дека Рабио сигурно ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, а не е исклучена можноста да биде продаден уште во јануари.

За него силен интерес покажуваат Барселона, Манчестер Сити, Јувентус и Милан.

https://youtu.be/-I6YYh0zf5Y

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…