Челзи вчера беше поразен од ВБА со 2:5, „сините“ добро започнаа, Пулишиќ постигна гол, но потоа дозволија тимот на Алардајс да го сврти резултатот.
На полувремето Тухел го остави Вернер во соблекувалната, Германецот беше лош и во овој натпревар. Него требаше да го замени Маунт. Тогаш се случи детал кој многумина не го забележаа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По истрчувањето на теренот Пулишиќ се фати за ложата после што му сигнализираше на Тухел дека нема да може да продолжи. Во тој момент германскиот стратег на еден од своите асистенти веднаш му кажа да го повика назад Вернер кој остана во соблекувалната. Измената се уште не беше пријавена, па Тухел имаше време да реагира.
NBCSN had footage of what happened with Pulisic’s sub at half. He ran 10 yards to a cone, complained about his hamstring and Tuchel did not look happy about it pic.twitter.com/TtSeb7BbP7
— Andrew Joseph (@AndyJ0seph) April 3, 2021