Веќе е познато од порано дека екипата од Северен Лондон најмногу се поврзува со Пјер Емерик Обамејанг, кој според последните наведувања би требало да го комплетира трансферот во „Топчиите“, бидејќи денес пристигна во Лондон.
Имено, без оглед на работата, која Венгер ја прави со Габонецот, францускиот стратег планира на лето да го донесе играчот на Атлетико Мадрид, Јаник Караско.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Венгер како што се наведува, е голем фан на белгискиот интернационалец и би сакал на лето да издвои 44 милиони фунти за неговите услуги, пренесува шпански Мундо Депортиво.
Она што е во корист на Арсенал е што Диего Симеоне во последно време не е задоволен од услугите на Караско, па размислува да го продаде.
Караско со Мадриѓаните има договор до летото 2020. година, а неговата откупна клаузула е 88 милиони фунти, па се поставува прашањето дали сумата од 44 милиони ќе ги задоволи челниците на клубот од Мадрид. Секако, станува збор за шпекулации, а целата приказна околу овој трансфер ќе биде јасна на лето.
Белгиецот оваа сезона за Атлетико одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, а во листата на стрелците се запиша четири пати.