Дома Видео Ремек дело од слободен: Роналдо го постигна 100. погодок во дресот на Португалија

Ремек дело од слободен: Роналдо го постигна 100. погодок во дресот на Португалија

После 17 години и 165 настапи, Кристијано Роналдо дојде до јубилејниот 100. погодок во дресот на Португалија.

Тој на натпреварот Шведска – Португалија во завршницата на првиот дел постигна спектакуларен погодок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Јувентус во свој стил реализираше од слободен удар и со тоа уште еднаш ја покажа својата класата.

Дебитираше на 23. август 2003. година во пријателски натпревар против Казахстан, а првиот погодок го постигна на ЕУРО 2004. во првиот натпревар против Грција. Сега како 35-годишен играч ја предводи една од најсилните европски селекции и постигнува спектакуларни погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Меси со солзи се прости од Аргентина! Гол, асистенција, магија и емотивна порака за збогување (Видео)

Лионел Меси е најзначајниот фудбалер во историјата на Аргентина по Диего Марадона, така шт…