Дома Фудбал Останато РЕКОРД: Победија два официјални натпревари во период од осум часа, еден играа на гости!

РЕКОРД: Победија два официјални натпревари во период од осум часа, еден играа на гости!

Фантастичен подвиг! Ова е за тренерите кои се жалат за густиот распоред во текот на сезоната.

Екипата од Венецуела под име Депортиво Лара, вчера успеа да направи нешто незамисливо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, овој тим на 3-ти април требаше да одигра два официјални натпревари. Една во домашната лига (најсилното првенство) и една во Копа Либертадорес.

Првиот натпревар беше закажан за 15:00 часот по локално време, а вториот во 20:30 часот.

Некој би кажал дека на домашен терен е изводливо и не е толку голем проблем да се одиграат два официјални натпревари, ако ги играте двата натпревари дома. Меѓутоа тимот на Депортиво Лара ја немаше ниту таа олеснителна околност – за вториот мораа да патуваат на гости.

Во првиот натпревар во првенството тренерот Леонардо Гонзалес се одлучи на терен да го испрати резервниот тим и беа подобри од Лајнерос со 3:2.

После натпреварот немаа многу време бидејќи ги чекаше уште една средба, па поради тоа брзо се качија на автобус и отпатуваа на гостување.

Успеаа да стигнат на време и да се припремат за натпреварот. Тренерот Гонзалес овој пат на теренот го испрати првиот тим.

Имаа предност и во еден момент на кратко снема струја на стадионот, а кога се врати набрзо заработија црвен картон, но со десетмина успеаа да ја задржат предноста и да слават со 2:1.

Така направија неверојатен подвиг и во отпрлика осум часа кога ќе го пресметаме и времетраењето на вториот натпревар остварија две победи, постигнаа пет гола, примија три гола и при тоа не заборавајте дека играа на гости и два часа поминаа во патување помеѓу натпреварите.

Подвиг кој заслужува респект!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума се договори со Сити

Манчестер Сити постигна договор со италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, во врска со дог…