Дома Останати Кошарка НБА Рекорд на кариерата за Богдановиќ, Дончиќ пишува историја, „виси“ плеј-офот на Лејкерси! 🎥

Рекорд на кариерата за Богдановиќ, Дончиќ пишува историја, „виси“ плеј-офот на Лејкерси! 🎥

ЛА Лејкерси пред почетокот на сезоната со оглед на тимот кој го имаа важеа за прв фаворит за титулата во НБА, но сега за Лејкерси „виси“ и плеј-офот.

Во новиот формат кој е на тест сезонава шест екипи ќе одат директно во следната рунда, додека екипите од седмото до десетото место ќе играат дополнителни натпревари меѓу себе за влез на две екипи помеѓу најдобрите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После последниот пораз од Портланд изгледа дека НБА шампионот ќе мора да игра дополнителни натпревари за да влезе во трката за одбрана на титулата.

Од Портланд Лејкерси беа поразени со 106:101 и тоа беше 30. пораз за тимот на Леброн. Пред Лејкерси на табелата сега е токму Портланд.

Најефикасен кај Портланд беше Лилард кој постигна 38 поени и подели седум асистенции, на спротивната страна Ентони Дејвис запиша 36 поени и 12 скока. Леброн и во овој меч не беше во составот.

Лука Дончиќ продолжува да испишува нови страници од историјата во НБА, откако во синоќешниот триумф на Далас маверикс над Кливленд кавалирс (110-90) стана четвртиот најмлад кошаркар кој ја надминал бројката од 5.000 поени во најсилната лига на светот.

Дончиќ 23 минути на паркетот да биде најефикасен во својот тим со 24 поени и осум скока. Словенецот границата ја „прескокна“ со 22 години и 68 дена, а пред него се само Леброн Џејмс со 21 година и 22 дена, Кевин Дурент (21 година и 133 дена) и Кармело Ентони (21 година и 292 дена).

Фантастична вечер имаше Богдановиќ кој во победата на Јута против Денвер (127-120) постигна дури 48 поени, а додаде и уште осум асистенции. Никола Јокиќ забележа солиден настап со 24 поени, девет скока и 13 асистенции. Поентерски најефикасен кај Денвер беше Портер со 31 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107, Чикаго – Бостон 121:99, Шарлот – Орландо 122:112, Мајами – Минесота 121:112, Милвоки – Хјустон 141:133, Далас – Иливленд 110:90, Јута – Денвер 127:120, Феникс – Њујорк 128:105, Портланд – Л.А. Лејкерс 106:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:113.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…