Дома Останати Кошарка НБА Рекорд за Дончиќ: Со 51 поен ги сруши Клиперси!

Рекорд за Дончиќ: Со 51 поен ги сруши Клиперси!

На домашен терен предводени од фантастичниот Лука Дончиќ кошаркарите на Далас славеа против Лос Анџелес Клиперси со 112:105.

Дончиќ одигра натпревар во кој постигна рекордни 51 поен. Со оваа бројка Дончиќ го урна својот рекорд во НБА кариерата. Одличната поентерска вечер на Дончиќ беше најавена уште во првата четвртина во која постигна 28 поени. Во редовите на победничката екипа Фил Смит додаде 12 поени, а на спротивната страна најдобар беше Маркус Морис со 21 поен.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Откако Јута им ја прекина серијата од девет победи, Голден Стејт го запишаа и вториот пораз во низа. Њујорк славеше против Вориорси со 116:114. Џули Рендл беше предводник во победничкиот тим со 28 поени и 16 скока, Еван Фурние додаде 22. Најдобар кај Вориорси беше Стеф Кари со 35 поени.

Кошаркарите на Феникс забележаа убедлива победа против Милвоки со 131:107. Деандре Ејтон беше најдобар во победничкиот тим со 27 поени, на другата страна Џру Холидеј и Крис Мидлтон постигнаа по 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Мемфис – 107:132

Вашингтон – Бруклин – 113:112

Мајами – Њу Орлеанс – 112:97

Хјустон – Торонто – 120:139

Далас – ЛА Клиперс – 112:105

Голден Стејт – Њујорк – 114:116

Феникс – Милвоки – 131:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…