Дома Трансфер зона Реконструкцијата на Интер започнува со продажба од 60 милиони!

Реконструкцијата на Интер започнува со продажба од 60 милиони!

Интер одигра уште една катастрофална сезона и ова лето сигурно ќе направи реконструкција на тимот и ќе пристигнат многу нови фудбалери на „Џезепе Меаца“.

На неколкумина ќе им биде отворена излезната врата бидејќи не се покажаа како достојни да го носат дресот на миланскиот гигант, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ ќе продадат и една од ѕвездите на тимот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, Иван Перишиќ би можел да го напушти Интер и да се пресели во Пари Сент Жермен за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.

За 28 годишниот постои голем интерес и од клубови од Премиерлигата, за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал.

Перишиќ сезонава за Интер одигра 34 натпревари, притоа постигна 10 погодоци, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ се спремни да го продадат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…