Не е прв пат некој од фудбалерите на Наполи да се врзе со тамошната мафија, но сега стигна и службена пријава на сметка на голманот Пепе Реина.
Имено, Реина е еден од тројцата фудбалери (поранешни и сегашни) кои се упатени на Федералниот национален суд на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај искусниот голман, за поврзаност со криминални организации се осомничени и Пауло Канаваро и Салваторе, двајца фудбалери кои порано настапувале за клубот.
Според пишувањата на италијанските медиуми, тројцата се осомничени поради блиските односи со осудениот криминалец Габриел Еспосито како и со неговите браќа Франческо и Џузепе.