Левиот бек на Тотенхем, Серхио Регуиолн е спремен повторно да го облече дресот на Реал Мадрид.
24-годишниот дефанзивец ова лето се пресели во Тотенхем за 30 милиони евра и покажува одлични партии во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, вратата на „Сантиаго Бернабеу“ не е затворена за него бидејќи Реал има опција да го врати за 32 милиони евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал на лето сака да го врати во Мадрид, најмногу поради фактот што Марсело е на излезна врата од клубот.
Регуилон исто така посакува да се врати во Реал Мадрид и неговиот менаџер е во постојан контакт со „кралскиот“ клуб.