Голема вест ни доаѓа од Холандија, која би можела да биде еден вид револуција.
Фудбалскиот сојуз во Холандија сериозно размислува за идејата за мешана лига, односно фудбалерите и фудбалерките да играат заедно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакаме девојките да го најдат адекватното место во фудбалското опкружување, зависно од нивниот квалитет и амбиции. Мешовитиот фудбал до сега беше можен во младинските категории“, соопштија од сојузот.
Оваа одлука на сила би требало да стапи наредната сезона, а веќе се планирани некои идеи.
Првиот предлог е екипата на тереот да има осум фудбалери и три фудбалерки во првите 11 и да има уште три на клупата за резерви со тоа што една девојка мора да биде во загарантираните измени.
Ова правило прво би се применувало во аматерските лиги на сениорско ниво, значи од третатал ига па надоле. Треба да се види прво како ќе функционира таму, па потоа да се размислува и за воведување во првата и втората лига.