Дома Фудбал Останато Ребиќ: Не сакам играчи како Игуаин, Ибра добива многу ќотек па не плаче

Ребиќ: Не сакам играчи како Игуаин, Ибра добива многу ќотек па не плаче

Кога пред неколку кола во Серија А Милан го победи Јувентус со 4:2 откако прво губеше со 0:2 еден од подобрите на теренот беше Анте Ребиќ.

Сега Ребиќ во разговор за „Sportskweek“ зборуваше за играчите на Јувентус, а посебно го разочарале Гонзало Игуаин и Бернардески

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Постојат двајца Ребиќ. Приватно сум тивок, помалку повлечен, не сакам луѓето да зборуваат за мене. На теренот Анте е поинаков и на никого не му останува должен. Во еден момент од натпреварот со Јувентус на Игуаин му кажав дека не сакам играчи како него кои се големи и силни, а паѓаат по најмал контакт. Исто важи и за БернардескиИбрахимовиќ добива многу ќотек, но никогаш не плаче“, порача Ребиќ.

Во овој натпревар имаше и ситуација во која кога Јувентус водеше со 0:2 Шчесни му се потсмеваше на Хрватот.

„Нешто му кажав на Игуаин, а тогаш Шчесни дофрли: Губите 2:0, немој да се правиш нешто…Не му одговорив, вообичаено би му одговорил, но тогаш одговорив на друг начин. Не сакам кога луѓето ме потценуваат“, заврши Хрватот.

Ќе потсетиме Ребиќ во тој натпревар го постигна последниот гол за Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Садио Мане зборуваше за односот помеѓу него и Салах во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односи…