Дома Фудбал Реал ќе мора да плати бонус за трансфер од пред 13 години

Реал ќе мора да плати бонус за трансфер од пред 13 години

Откако Карим Бензема синоќа ја доби „Златната топка“ Реал Мадрид ќе мора да му плати бонус на неговиот поранешен клуб Лион.

Имено, кога во 2009 година го продаде Карим Бензема на Реал Мадрид, претседателот на Лион Жан Мишел Аулас се осигура со бонус во случај Французинот да ја добие „Златната топка“

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа се случи 13 години подоцна, па според „Екип“, Реал Мадрид ќе мора да му плати на францускиот клуб сума од еден милион евра.

Реал своевремено плати 35 милиони евра за Бензема, плус разни бонуси, меѓу кои еден условен со добивање на „Златната топка“.

Лион сигурно е среќен што нивното „дете“ беше избран за најдобар фудбалер во светот, па ќе си добие и солидна сума како бонус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Од СВР Куманово денеска соопштија дека еден навивач на Пелистер од Битола бил приведен пор…