Дома Топ вести Реал ќе го стави ПСЖ пред „свршен чин“ за Мбапе

Реал ќе го стави ПСЖ пред „свршен чин“ за Мбапе

Не е тајна дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде примарна трансфер цел на Реал Мадрид. Овој трансфер ќе биде исклучително тежок за реализација, па „кралевите“ смисија нова стратегија.

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, откри дека клупските челници никако не можат да постигнат договор со Килијан Мбапе, околу продолжувањето на соработката за уште неколку сезони.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Франција има договор до 2022 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот, а токму тоа е и желбата на Реал Мадрид.

Кога Мбапе ќе влезе во последната година од договорот, „кралевите“ ќе можат да го стават ПСЖ пред „свршен чин“. Поради тоа во меѓувреме тие сакаат да постигнат договор со Французинот и да го донесат во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…