Дома Трансфер зона Реал сака играч на Наполи со клаузула од 70 милиони!

Реал сака играч на Наполи со клаузула од 70 милиони!

Реал Мадрид следната недела ќе игра против Наполи во четвртфиналето од ЛШ, а Зинедин Зидан посебно ќе внимава на еден фудбалер од италијанскиот тим – Пјотр Зиелински.

Зиелински пристигна ова лето во Наполи од Удинезе за 16 милиони евра, а „АС“ пренесува дека Реал е заинтересиран за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Зиелински оваа сезона постигна 3 гола за Наполи, а до сега има запишано 21 настап за полската репрезентација.

Полјакот има договор со италијанскиот клуб до 2021 година, а неговата откупна клаузула изнесува 70 милиони евра.

Според пишувањата на „АС“ Реал Мадрид следното лето ќе достави официјална понуда за младиот плејмејкер во кого Зидан гледа наследник на Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…