Дома Фудбал Англија Реал повеќе нема да чека: Соборен рекордот за долгопосакуваната желба на Флорентино Перез (Видео)

Реал повеќе нема да чека: Соборен рекордот за долгопосакуваната желба на Флорентино Перез (Видео)

Реал е во голема криза. Најдобриот играчки состав игра под очекувањата, бранителот на титулата зад Барселона е 10 бодови, а неодамна доживеа и тежок пораз од Тотенхем во ЛШ.

Европскиот шампион бара засилување кое ќе го разбуди тимот, а го пронајде во Манчестер Јунајтед. Флорентино Перез, претседателот на Реал, одлучи да ја исполни својата долгогодишна желба и конечно да го донесе Давид Де Геа. Перез се обидува да го донесе Де Геа бидејќи во него гледа маркетиншки значителна исплатлива ѕвезда, за разлика од Кејлор Навас, чуварот на мрежата кој со Реал ја покори Европа изминатата сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според информациите од Англија, Жозе Мурињо е подготвен да го пушти Де Геа, и со тоа да го направи најскапиот голман на сите времиња.

Реал 27-годишниот голман би требало да го плати 70 милиони евра, со што Де Геа би го срушил светскиот рекорд кој стои зад името на Едерсон, кого Манчестер Сити го донесе изминатото лето од Бенфика за 39 милиони евра.

За потсетување, Де Геа во 2015. година потпиша за Реал, но до трансфер не дојде бидејќи клубовите до Шпанскиот фудбалски сојуз документите ги испраија неколку минути по крајот на преодниот рок.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…