Дома Фудбал Реал не дозволува Барса да освои трофеј на „Сантиаго Бернабеу“

Реал не дозволува Барса да освои трофеј на „Сантиаго Бернабеу“

Финалето на Купот на Кралот сигурно нема да биде одиграно на „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи Реал Мадрид не сака да слушне за такво нешто.

Барселона и Алавеш обезбедија пласман во големото финале кое ќе се одигра на 27-ми мај, а дополнително треба да биде одлучено на кој стадион.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако двата клуба сакаат тоа да биде Мадрид, односно „Сантиаго Бернабеу“, Реал не сака ништо да препушти на случајот и да дозволи Каталонците да се радуваат во нивниот дом.

„Нема шанси финалето да се игра на Сантиаго Бернабеу, бидејќи тогаш на нашиот стадион ќе се извршува реконструкција“, јасен беше Флорентино Перез.

Барселона е бранител на трофејот откако минатата сезона после продолженија ја победи Севиња на „Винсенте Калдерон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш Усман Дембеле, сега крило на Фенербахче, Дортмунд летово ја разбива касата?

Борусија Дортмунд го следи крилниот напаѓач на Фенербахче, Доргеле Нене (23), како потенци…