Италијанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за напаѓачот на Торино, Андеа Белоти и следната недела двата клуба ќе ги започнат преговорите за трансферот.
Белоти е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А, во неговиот договор со Торино има откупна клаузула која изненасува 100 милиони евра, иако е малку веројатно дека „кралевите“ ќе се согласат да ја платат таа сума.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Кралевите“ сакаат да го видат Италијанецот во своите редови и веќе е закажана средба со раководството на Торино.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека претседателот на Реал, Флорентино Перез често е во контакт со својот колега од Торино, Урбано Каиро и го поканил да му биде гостин на средбата од Лигата на Шампионите против Наполи.
23-годишниот италијански напаѓач во моментов е еден од најценетите и најбарани голгетери на светот и сезонава на 20 настапи постигна 15 гола за Торино.
Интерес за него покрај Реал Мадрид покажуваат уште Арсенал, Милан и Челзи, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.