Дома Фудбал Реал му нуди на Рамос договор на една година

Реал му нуди на Рамос договор на една година

Раководството на Реал Мадрид е спрмено да му понуди нов договор на капитенот Серхио Рамос, но идејата е соработката да биде продолжена само на една година, пренесува „АС“.

Актуелниот договор на Рамос истекува на крајот на сезоната, односно јуни 2021 година, а „кралевите“ му нудат продолжување до 2022 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ако се оди како што треба двете страни ќе седнат на маса и ќе го потпишат договорот до крајот на календарската година. Меѓутоа, се уште постои опција Рамос како слободен агент да го напушти Реал на крајот на летото.

„АС“ тврди дека Рамос направил неколку отстапки и е спремен да направи компромис за да продолжи да игра на „Сантиаго Бернабеу“.

Рамос пристигна во Реал во 2005 година и се етаблираше во вистинска легенда на „кралевите“, па до овој момент има одиграно 460 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар постигна гол против Воска, па домаќините го напуштија теренот (Видео)

Натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар беше прекинат на околу 15 минути пред последниот с…