Повторно започнаа шпекулации за иднината на Пол Погба, а англиските медиуми тврдат дека постојат шанси Французинот да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.
Погба и самиот ги подгреа шпекулациите со изјава дека сонува еден ден да заигра за Реал Мадрид, а познато е дека Зидан и во минатото покажува интерес за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Зидан после неговото враќање во Реал ќе има одврзани раце кога се трансферите во прашање, па повторно ќе се обиде да го донесе Погба на „Сантиаго Бернабеу“.
Мино Раиола исто така притиска да го пресели својот клиент во друг клуб, а ставот на Манчестер Јунајтед е јасен – нема преговори, тие бараат сума од 200 милиони евра за неговата слобода.
„Црвените ѓаволи“ бараат скоро двојно повеќе од колку што го платија и немаат нарема да попуштат. Доколку не пристигне понуда од 200 милиони Погба останува на „Олд Трафорд“.
Денешното издание на „АС“ пренесува дека Реал Мадрид ќе има силна конкуренција, бидејќи Јувентус е исто така решен да го врати Французинот во Торино.
Двата клуба ќе се борат за потписот на Погба ова лето, но медиумот прецизира дека не се спремни да ја платат бараната сума од 200 милиони евра, па трансферот е скоро „невозможна мисија“.
Погба со доаѓањето на Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“ игра во животна форма и е многу важен дел од тимот на Манчестер Јунајтед.
AS: «La #Juventus è un ostacolo fra il #RealMadrid e #Pogba» ⬇️ https://t.co/QWlYmq39AW
— Tuttosport (@tuttosport) March 25, 2019