Филипе Кутињо најверојатно е дел од најголемата трансфер сага оваа година за која многумина се надеваат дека ќе заврши во јануари.
Бразилскиот фудбал ова лето беше на метата на Барселона која во неколку наврати испрати понуда за овој играч, но Ливерпул не сака да го пушти. Меѓутоа, иако Јирген Клоп тврдеше дека Кутињо е премногу важен за да го продаде, најверојатно Бразилецот уште во јануари ќе го напушти „Енфилд“.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се разбира, најголемиот интерес за него покажа Барселона која не сака така лесно да се откаже од овој играч. Но, проблем на каталонскиот клуб овој пат нема да прави Ливерпул, туку конкурентските клубови кои исто така сакаат да го доведат Кутињо.
Познато е дека интерес покажа ПСЖ, но според последните шпекулации во борбата сака да се вклучи и Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ е во лоша серија на резултати и изгледа дека Флорентино Перез сака да го освежи играчкиот кадар за вториот дел од сезоната. Јасно е дека во јануари не очекува нова сага околку Кутињо и ќе биде интересно да се види каде овој Бразилец на крајот ќе заврши.