Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Спортинг

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Спортинг

Португалскиот играч од средниот ред, Бруно Фернандеш ова лето е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Фернандеш се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Манчестер Сити, но не успеа да го комплетира трансферот до затворањето на преодниот рок во Англија.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Сега како што пренесуваат португалските медиуми, поточно „А Бола“ него го следи Зинедин Зидан кој наводно има намера да го засили средниот ред.

Фернандеш е најефикасниот играч за врска во изминатата сезона и на 50 натпревари, постигна 31 гол и запиша 17 асистенции за клубот од Лисабон.

Бидејќи Реал не успеа да го донесе Пол Погба, кој беше прва желба, сега ќе се насочи кон Фернандеш, а Спортинг за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која „кралевите“ се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…