Постои голема веројатност полуфиналистите Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи да бидат исфрлени од Лигата на шампиони веднаш и да не го доиграат турнирот.
Ова го потврди пленот на Извршниот комитет на УЕФА, Јаспер Милер, а конечната одлука ќе се донесе во петок.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Трите клуба се меѓу основачите на новата Суперлига, поради што УЕФА е против и се закани со исфрлање.
„Овие клубови треба да се исфрлат и очекувам тоа да се случи во петок. Потоа треба да решиме како ќе се доигра оваа сезона во ЛШ“, изјави Милер.
Овие три клуба се во полуфиналето заедно со Пари Сент Жермен, кој засега не се изјаснува на темата дали ќе учествува во Суперлигата.