Дома Топ вести Реал Мадрид се откажува од Погба

Реал Мадрид се откажува од Погба

Раководството на Реал Мадрид се откаѓа од намерата да ја донесе ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, пренесува добро информираната „Марка“.

И покрај фактот што Погба инсистира да се пресели во Реал и сака да го форсира својот трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, сепак шансите за овој трансфер се еднакви на нула, тврди „Марка“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зидан е голем фан на неговата игра, но знае дека неговото доаѓање е невозможно ова лето. Мино Раиола и директорите на Реал Мадрид во последните недели имале неколку средби, но тема на разговор не бил Погба, туку Ерлинг Халанд.

Поради финансиските загуби предизвикани од пандемијата Реал Мадрид не може да си го дозволи Погба ова лето, бидејќи има други приоритети, а проблем е и големата плата на Французинот.

Зидан продолжува да бара врвен играч за врска ова лето, но тоа сигурно нема да биде Погба, а како алтернатива се спомнуваат Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Дони ван де Бек.

Со сигурното заминување на Јовиќ приоритет на „кралевите“ ќе биде засилување во нападот, а прва мета е Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…