Реал Мадрид денеска уште еднаш ги разочарана своите навивачи. Кралевите а домашен терен беа поразени од Џирона со 2:1 и на тој начин Барселона ја зголеми предноста на девет бода.
Инаку, ова за Кралевите беше седми пораз оваа сезона во шпанското првенство, што е најголем број на порази уште од сезона 2008/09.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму после таа сезона, во која забележаа 10 порази во клубот пристигна Кристијано Роналдо, а екипата од тогаш никогаш не запишала повеќе од шест порази во една сезона во Ла Лига. Нормално, и овој статистички податок им иде од рака на оние навивачи кои мислат дека продажбата на Роналдо е најголема грешка на клубот.
Реал во периодот со Роналдо освои две првенствени титули, а се чини дека оваа сезона тешко ќе може да дојде до трофејот.
До крајот на Ла Лига останаа уште 14 кола, па многу веројатно е дека Реал може да го изедначи или да го сруши негативниот рекорд од 2008/09.