Минатото лето раководството на Реал Мадрид одбило понуда од англиски клуб во висина од 100 милиони евра за Герет Бејл.
Ова го откри поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон за шпанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Познато ми е дека на последниот ден од трансфер пазрот добивме таква понуда од клуб од Премиерлигата, но од Реал го отфрлија, бидејќи веруваа дека Бејл ќе игра на ниво и во следната сезона“, изјави Калдерон.
Тој не го објави името на англискиот прволигаш кој понудил 100 милиони евра да го врати Бејл во Премиерлигата.
„Не го знам името на клубот, но и да го знам немаше да го обелоденам“, порача поранешниот прв човек на Реал Мадрид.
Пред неколку дена и самиот Бејл призна дека минатото лето дал согласност за трансфер, но клубот му го блокирал трансферот.