Дома Фудбал Останато Реал Мадрид највреден клуб во светот, огромен скок на Њукасл

Реал Мадрид највреден клуб во светот, огромен скок на Њукасл

Познатиот магазин „Форбс“ се занимаваше со највредните клубови во светот.

Прв на листата е Реал Мадрид со вредност од над 6.07 милијардо долари, 19% повеќе од претходната година. „Форбс“ тоа го објаснува со пласманот во пет од последните девет финалиња во Лигата на шампионите победувајќи во сите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал Мадрид обезбеди скоро 400 милиони долари. Манчестер Јунајтед порасна за скоро 30% во однос на пред една година и сега е на шест милијарди долари. Лицитацијата за англискиот тим се сведе на Џим Ратклиф и катарскиот бизнисмен шеикот Јасим.

Сегашните сопственици на тимот платија 1.5 милијарда за „црвените ѓаволи“ во 2005 година и би можеле да го продадат за четири пати поголема вредност.

На листата зад Јунајтед следат Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити. Најголем добитник на овогодинешната листа е Њукасл кој сега вреди 794 милиони долари, дури за 51% повеќе од минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона има голем план: Може да доведе две ѕвезди за 200 милиони евра!

Барселона ова лето беше релативно мирна на трансфер пазарот кога станува збор за засилувањ…