Дома Фудбал Останато Најплатените фудбалери за 2020: Само Меси е над „стотка“

Најплатените фудбалери за 2020: Само Меси е над „стотка“

Најпознатите фудбалери во светот и во време на Ковид-19 криза остваруваат милионски заработка.

Познатиот магазин „Форбс“ сега објави листа на најплатените фудбалери за оваа година која полека изминува. На врвот на листата е асот на Барселона Лионел Меси со заработка од 103 милиони евра. Во оваа сума вклучена е платата, но и дело од спонзорските договори. Меси е единствениот фудбалер кој заработил над 100 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Втор на листата е Кристиано Роналдо. Роналдо во 2020 заработил 95 милиони евра.

Зад Роналдо се наоѓа двоецот од Пари Сен Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе.

За забележување е и што најдобриот фудбалер за оваа година Роберт Левандовски според заработката е на деветтата позиција.

ЛИСТА НА ФУДБАЛЕРИ КОИ НАЈМНОГУ ЗАРАБОТИЛЕ ВО 2020

1.ЛЕО МЕСИ 103.000.000 евра

2.КРИСТИЈАНО РОНАЛДО 95.000.000

3.НЕЈМАР 78.000.000

4.КИЛИЈАН МБАПЕ 34.000.000

5.МОХАМЕД САЛАХ 30.000.000

6.ПОЛ ПОГБА 28.000.000

7.АНТОАН ГРИЗМАН 27.000.000

8.ГЕРЕТ БЕЈЛ 24.000.000

9.РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ 22.850.000

10.ДАВИД ДЕ ХЕА 22.000.000

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…