Реал Мадрид е во потрага по засилување во одбраната, а сега се појави едно неочекувано име.
Наводно, поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Марио Ермосо е опција за засилување на одбраната со која „кралевите“ имаа многу проблеми по бројните повреди.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ермосо сега е член на Рома и е на радарот на мадртискиот гигант. Во редовите на „волчицата“ пристигна во текот на летниот преоден рок како слободен играч откако претходно пет сезони помина во Мадрид.
Интересно е што Ермосо потекнува од школата на Реал Мадрид и во младинските категории на овој клуб беше од 2012 до 2017 година пред да се пресели во Еспањол.
Ермосо има 29 години и сериозно искуство во Ла Лига, па изгледа како добро решение, ќе видиме што ќе се случува во јануари.