Реал Мадрид се најде во огромни проблеми поради Герет Бејл.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го отпиша Велшанецот и на неговите услуги не смета во следната сезона, па клубот со сите сили се обидува да го продаде. Меѓутоа, тука наидоја на големи проблеми. За 29-годишниот играч нема интерес. Никој не го сака фудбалерот со висока плата и проблеми со повредите, па извесно е дека Реал нема да може да го продаде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кралевите“ дури размислуваат и за опција позајмица. Сепак, и тука е проблем платата од 15 милиони фунти годишно, па Реал се најде во многу тешка позиција и едноставно не може да го реши проблемот со Велшанецот. Исто така, Реал Мадрид и претходно ја одреди цената за Бејл и порача дека заинтересираните клубови може да го видат во нивниот состав за 130 милиони евра, што за многумина е многу висока цена за него.
Платата која Бејл ја бара исто така е голем проблем, па заинтересираните клубови ќе се свртат кон други играчи. Велшанецот бара неделна плата од дури 600,000 долари. Токму таква плата би можела да го оддалечи од Европа. „Sunday Mirror“ во своето денешно издание тврди дека Бејл е подготвен да го напушти Стариот континент и да прифати некоја од понудите од Азија и Америка.
Наводно Велшанецот е заинтересиран за заминување во Кина, Соединетите Арапски Емирати, но и САД. Се ќе зависи од понудите кои ќе ги добие, но тешко е да се верува дека некој европски тим ќе му ја понуди сумата која ја бара. Бејл во текот на шест години поминати во Мадрид одигра 229 натпревари и постигна 162 гола.