Дома Фудбал Лига на шампиони Реал Мадрид заработил најмногу во Лигата на шампионите минатата сезона, Шериф најмалку

Реал Мадрид заработил најмногу во Лигата на шампионите минатата сезона, Шериф најмалку

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид минатата сезона заработил најмногу во Лигата на шампионите, 133,7 милиони евра, објави денеска европската куќа на фудбалот.

Вкупната заработка на Реал вклучува основна исплата за пласманот групната фаза, бонуси од победите во натпреварите, дел од правата за емитување во Шпанија и дополнителна исплата врз основа на историскиот рекорд на клубот во натпреварувањата на УЕФА.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ливерпул, кој минатата година беше поразен од Реал во финалето е втор на листата со вкупно 120 милиони евра од вкупниот награден фонд на Лигата на шампионите на УЕФА од над две милијарди евра.

Само уште два клуба заработија деветцифрена сума: Баерн Минхен заработи речиси 110 милиони евра, а Манчестер Сити 109 милиони евра.

Пари Сен Жермен беше поразен од Реал во осминафиналето и заработи „само“ 92 милиони евра.

УЕФА соопшти дека 32-те клуба во групната фаза заработиле во просек по 61,8 милиони евра, а најниската исплата од 23,7 милиони евра е за молдавскиот Шериф.

Челзи беше елиминиран од Реал во четвртфиналето и заработи 91,9 милиони евра. Барселона минатата сезона заработи 71 милион евра.

Кога станува збор за Лига Европа, најмногу заработи победникот Ајнтрахт Франкфурт со 38 милиони евра, а финалистот Глазгов Ренџерс 20,7 милиони евра.

Во Конференциската лига најмногу заработи Рома, победничката во натпреварувањето, која инкасира 19,2 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…