Реал Мадрид најверојатно нема да се вклучи во евентуално наддавање за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесува „АС“.
Се очекува Белингам да биде најбараниот фудбалер ова лето, а за него интерес покажуваат Реал Мадрид, Ливерпул и клубовите од Манчестер, додека Борусија за неговата слобода бара 150 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Реал се откажал од Белингам и ќе се фокусира на ангажман на друга ѕвезда.
Реал нема намера да потроши рекордна сума за Белингам, а најавите се дека Модриќ и Крос ќе останат уште една сезона во „кралскиот“ клуб.
Тоа не значи дека Реал дефинитивно се откажал од Англичанецот, но не е спремен да понуди повеќе од 100 милиони евра.