Дома Фудбал Останато Во спектакуларен натпревар Реал го доби противникот во полуфиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Во спектакуларен натпревар Реал го доби противникот во полуфиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Jaпонска Кашима славеше во натпреварот од четвртфиналето на Светското клупско првенство со 3:2 против Гвадалахара.

Кашима во Ал Аин после пресврт во фантастичен натпревар стигна до победа и обезбеди полуфинале во кое ќе игра против европскиот шампион Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот не започна добро за јапонскиот клуб, Залидвар погоди за водство од 1:0 на Мексиканците. Во 49-тата Нагаки погодува за 1:1, а во 69-тата беше досуден пенал за Кашима, па Сержињо постигна гол за целосен пресврт.

Прекрасен гол во 84-тата минута постигна Абе За 3:1. Длабоко во судиското продолжение беше досуден пенал за Гвадалахара, а Пулидо од вториот обид погоди за 3:2.

Реал Мадрид и Кашима ќе биде првото полуфинале, додека во второто ќе игра Ривер Плата против подобриот од натпреварот Есперанса и Ал-Алин.

https://youtu.be/drBrMw17Z2k

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем со изненадувачка понуда за дефанзивецот на Ливерпул

Тотенхем преговара со Ливерпул за доведување на Анди Робертсон, јавува “Атлетик̶…