Дома Трансфер зона Реал Мадрид ги започнал преговорите за играчот од 50 милиони евра?

Реал Мадрид ги започнал преговорите за играчот од 50 милиони евра?

Реал Мадрид, Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Јунајтед го сакаат Лени Јор (18), објави кон крајот на мај италијанскиот фудбалски стручњак за трансфери Џанлука Ди Марцио.

Во изминатите недели продолжија да се шират гласини за младиот француски стопер кој мина низ академијата на Лил, со тоа што тој најчесто се поврзува со мадридскиот клуб.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Дека навистина постои интерес од Мадрид, потврдуваат информациите од шпанскиот новинар Марио Кортегано. Дописникот на угледниот Атлетик тврди дека агентите на Јоро се сретнале со претставници на Реал Мадрид минатата недела. Секако, тоа не значи дека трансферот е пред комплетирање, но секако укажува дека тоа би можело да биде во иднина.

Шпанските медиуми пишуваат дека доаѓањето на Јоро во Реал зависи од заминувањето или останувањето на капитенот Начо Фернандез кому му истече договорот и кој се поврзува со клубови од Саудиска Арабија. Заедно со Начо, Реал на стоперската позиција ги има Едер Милитао, Антонио Рудигер и Давид Алаба.

Според информациите на „Трансфермаркт“ вредноста на Јоро се проценува на 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…