Навикнаа да се секога најдобри, па и сега кога трансферот е во прашање, а сега по многу одбивања се задоволуваат со некои алтернативни решенија?
Роналдо замина, вистинска замена не пристигна, можеби и не е потребна бидејќи Реал има навистина силен тим, но дефинитивно им е потребен напаѓач, а по бројните одбивања, тие се насочија кон Родриго од Валенсија, а доколку ниту тој не придтигне, Мадриѓаните имаат алтернатива и за тоа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми, кралскиот клуб постигна договор со Аспас, во случај на „Сантијаго бернабеу“ да не пристигне играчот на Валенсија.
Аспас имаше солидна сезона во Селта, и дефинитивно би можел да биде квалитетен напаѓач, кој би бил замена за Карим Бензема. Договор е постигнат помеѓу напаѓачот и клубот, што значи дека Реал би морал да се договори со Селта доколку го сака овој Шпанец.
Селта бара 40 милиони евра за 30-годишниот напаѓач, па Реал знае колку пари ќе мора да подготви доколку навистина го сака некогашниот играч на Ливерпул.
Аспас играше на двапати за Селта од 2008. до 2013. и од 2015. повторно му се придружи на шпанскиот клуб. За Селта понуди фантастични партии и постигна дури 117 погодоци за овој клуб, но проблемот е што сакаше да ја подигне својата кариера на повисоко ниво, не успеа да се снајде во Ливерпул, а ниту во Севиља следната година, па враќањето во Селта беше најлогичен потег за да ја обнови кариерата.