Дома Останати Кошарка Реал Мадрид во НБА? Да, Перез веќе работи на тоа!

Реал Мадрид во НБА? Да, Перез веќе работи на тоа!

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез има една „необична“ идеја и сака кошаркарскиот тим да биде дел од НБА лигата.

Перез е еден од најтрофејните претседатели со фудбалскиот тим, а и со кошаркарскиот ја покори Европа, но сега сака да биде дел од најдобрата кошаркарска лига на светот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Перез веќе стапил во контакт со одговорните луѓе во НБА лигата за можно вклучување на Реал Мадрид во Источната конференција.

„НБА лигата планира да креира конференција сочинета од европски тимови, но Реал Мадрид е единствениот тим од Европа кој сака да влезе во оваа лига. Зборував со Адам Силвер и му дадов предлог. Имаме одличен тим и побарав од него да не пушти во Источната конференција“.

„Добивме одговор дека треба да почекаме и дека цела Европа треба да се вклучи во проектот. Се уште работам на остварување на оваа идеја, сакаме да бидеме дел од најдобрата лига во светот“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Полицијата уапсила навивач од Куманово зашто сакал да внесе навредлив транспарент

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека бил уапсен навивач кој сакал да внес…